Изберете го вашиот јазик

  • Macedonian (mk-MK)
  • English (United Kingdom)
ОЛИВЕРА НИКОЛОВА
  • ПОЧЕТНА
  • БИОГРАФИЈА
  • ДЕЛА
  • БИБЛИОГРАФИЈА
  • НАГРАДИ
  • ИСКАЖУВАЊА
  • ГАЛЕРИЈА
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ

КОНТАКТ
Тел: +389 70 24 83 82 contact@oliveranikolova.mk
Оливера Николова
Menu


11 Декември 2013. Новости

Промовирани трите тома избрани дела за деца

Трите тома избрани дела за деца на Оливера Николова, насловени како „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“ во издание на „Детска радост“ беа промовирани во Друштвото на писатели на Македонија, на 10 декември 2013 година.

Промотор на овие изданија беше проф. Весна Мојсовска-Чепишевска, а фрагменти од творештвото на Николова читаше Софија Гогова-Врчаковска.

Во состав на трите тома, покрај култниот „Зоки Поки“ кој годинава ја слави својата 50-та годишнина, се наоѓаат и „Тажниот весел Владимир“, „Пријателите Бон и Бона“, „Мојот звук“, „Девојките на Марко“, „Бели стапки“, „Преминот не е осветлен“ и „Светлосна година“.

Графичкото и ликовно обликување е на Жарко Туниќ, а насловни страници дело на реномираниот стрип-автор Александар Сотировски.

27 Октомври 2013. Новости

KУЛТНАТА ДЕТСKА KНИГА НА ОЛИВЕРА НИKОЛОВА СЛАВИ ПОЛОВИНА ВЕK

„Зоки Поки“ стана средовечен маж, а нема кој да го наследи.

Сега би требало да се појави дете што ќе биде во духот на ова живеење - кое играта на улица или во маало ја заменува со игри во игротека или пред компјутер, вели Весна Мојсова-Чепишевска, професорка по светска и македонска книжевност за деца

Англичаните го имаат Оливер Твист, Американците - Том Соер, ние го имаме Зоки Поки. Kнигата на Оливера Николова е класика во македонската литература и референца на детството на сите деца во Македонија.

Прочитај повеќе: KУЛТНАТА ДЕТСKА KНИГА НА ОЛИВЕРА НИKОЛОВА СЛАВИ ПОЛОВИНА ВЕK

Повеќе артикли...

  • „ВЕЖБИ ЗА ИБН ПАЈКО“ објавен во Москва
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10

Страница 9 од 10

© 2026 Olivera Nikolova by MOL Komunikacii
  • ПОЧЕТНА
  • БИОГРАФИЈА
  • ДЕЛА
  • БИБЛИОГРАФИЈА
  • НАГРАДИ
  • ИСКАЖУВАЊА
  • ГАЛЕРИЈА
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ