Изберете го вашиот јазик

  • Macedonian (mk-MK)
  • English (United Kingdom)
ОЛИВЕРА НИКОЛОВА
  • ПОЧЕТНА
  • БИОГРАФИЈА
  • ДЕЛА
  • БИБЛИОГРАФИЈА
  • НАГРАДИ
  • ИСКАЖУВАЊА
  • ГАЛЕРИЈА
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ

КОНТАКТ
Тел: +389 70 24 83 82 contact@oliveranikolova.mk
Оливера Николова
Menu


05 Ноември 2017. Новости

„КАДИФЕНАТА ПОКРИВКА“ НА ХРВАТСКИ ЈАЗИК

Во издание на „Меандер“ од Загреб, во превод на Јелена Лужина, а во уредништво на Бранко Чегец, „Кадифената покривка“ - книга новелети за жени-убијки сега достапна и за хрватските читатели.
 
Главните личности во оваа книга се автентични, како и нивните дејанија. Некои од нивните основни биографски податоци се преземени од „Речникот на убијците“ од Рене Реувен. Останатото е плод на авторовата имагинација.
 
Изданието на книгата на хрватски јазик е поддржано од книжевната мрежа „Традуки“.

17 Март 2017. Новости

ПЕШАЦИ ПО ЦРНИ ПОЛИЊА - најнов роман на Оливера Николова

„Дневник“, „Нова Македонија“ 17 март 2017 г.


Пешаци по црни полиња е насловот на новиот роман на писателката Оливера Николова, што го објави издавачката куќа „Матица македонска“. Николова е во редот на водечките романсиери во современата македонска литература, авторка на богат прозен опус во кој од специфичен агол ги согледува историските, националните и социјалните превирања, вели во поговорот на книгата Гоце Смилевски.

Како вешто прозен мајстор пишува за општественото раслојување во годините кога се трансформираат институциите и низ ткаежот на животните приказни се разобличуваат многубројни човечки судбини. Новото романескно остварување претставува круна на богатиот творечки опус што писателката ни го завешта во изминатите децении – пишува Смилевски за новото дело на Николова.

Повеќе артикли...

  • „КАДИФЕНАТА ПОКРИВКА“ НА БУГАРСКИ ЈАЗИК
  • РОМАНОТ „КУЌИЧКА“ НА СРПСКИ ЈАЗИК
  • КАДИФЕНАТА ПОКРИВКА - добитник на наградата „Стале Попов“ за 2015 година
  • „ТРОМБОТ“ сега достапен и за словенечките читатели
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10

Страница 6 од 10

© 2026 Olivera Nikolova by MOL Komunikacii
  • ПОЧЕТНА
  • БИОГРАФИЈА
  • ДЕЛА
  • БИБЛИОГРАФИЈА
  • НАГРАДИ
  • ИСКАЖУВАЊА
  • ГАЛЕРИЈА
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ