„ВЕЖБИ ЗА ИБН ПАЈКО“ објавен во Москва
Романот „Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова излезе од печат во Москва на самиот почеток на септември, неколку дена пред отворањето на најголемиот книжевен саем во Русија 26 Меѓународен саем на книга во Москва. Токму со овој роман Русија се вклучи во проектот "Сто словенски романи" што го реализира Форумот на словенските култури. Издавач на книгата е издавачкиот центар «Рудомино».