„Арс Ламина“ го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова
На 30 март 2022, со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, се одржa промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова.
Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Тие се подарок за поколенијата!
Прочитај повеќе: „Арс Ламина“ го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова