Трите тома избрани дела за деца на Оливера Николова, насловени како „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“ во издание на „Детска радост“ беа промовирани во Друштвото на писатели на Македонија, на 10 декември 2013 година.
Промотор на овие изданија беше проф. Весна Мојсовска-Чепишевска, а фрагменти од творештвото на Николова читаше Софија Гогова-Врчаковска.
Во состав на трите тома, покрај култниот „Зоки Поки“ кој годинава ја слави својата 50-та годишнина, се наоѓаат и „Тажниот весел Владимир“, „Пријателите Бон и Бона“, „Мојот звук“, „Девојките на Марко“, „Бели стапки“, „Преминот не е осветлен“ и „Светлосна година“.
Графичкото и ликовно обликување е на Жарко Туниќ, а насловни страници дело на реномираниот стрип-автор Александар Сотировски.