Во издание на „Меандер“ од Загреб, во превод на Јелена Лужина, а во уредништво на Бранко Чегец, „Кадифената покривка“ - книга новелети за жени-убијки сега достапна и за хрватските читатели.
 
Главните личности во оваа книга се автентични, како и нивните дејанија. Некои од нивните основни биографски податоци се преземени од „Речникот на убијците“ од Рене Реувен. Останатото е плод на авторовата имагинација.
 
Изданието на книгата на хрватски јазик е поддржано од книжевната мрежа „Традуки“.