Најновиот роман на Оливера Николова - „Песот со тажен поглед“ е величествено верен на нејзиниот модел романи со „подготовка“, со истражуваање, со подметнување божем обичен лист хартија во фактите кој потоа, внатре, во самите факти, се отвора како цел фиктивен книжевен град. Како оние сликовници чиишто страници се претвораат во замоци и други чуда во три димензии, изникнувајќи од обична книга. Само навидум како секоја друга „Песот со тажен поглед“ е токму таков фиктивен книжевен град изникнат од листот мушнат во „Мојот балкански дневник“ од Џ.Џонстон Абрахам. Оваа мемоаристичка книга Николова не ја крие, со неа го започнува својот роман, заблагодарувајќи му се на Џ.Џ.Абрахам и целиот свој роман именувајќи го само како ехо на неговите спомени.

Оливера Ќорвезироска