Кон крајот на 2018 година, преводот на романот „Вежби за Ибн Пајко“ на српски и на бугарски речиси истовремено беше објавен во Белград („Архипелаг“) и во Софија („Изида“). Овој роман, досега преведен на руски и чешки, беше избран од страна на меѓународната фондација Форум за словенски култури како дел од проектот „Сто словенски романи“ чијашто цел е размена меѓу земјите во кои се зборуваат словенски јазици, со цел да се создадат пошироки основи за меѓусебно разбирање на соодветните словенски традиции и култури, а и во истовреме и можност за запознавање на несловенскиот свет со словенските литератури.
Преведувач на „Вежби за Ибн Пајко“на српски е Мирослав Мрковиќ, а на бугарски Деница Проданова.