Македонската писателка Оливера Николова е годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, што интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ја доделува за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Десеттото издание на фестивалот се одржа од 18 до 21 септември 2022 година.
„Оливера Николова ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20. и во почетокот на 21. век и затоа со право можеме да ја сметаме за книжевен бард, чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската класична книжевност. Почнувајќи од нејзините изданија за деца, па до последниот роман, на читателите во Македонија и на Балканот им понуди единствена привилегија да прочитаат работи кои се напишани сега и тука, а чие ехо ќе одѕвонува далеку во иднината“, стои во одлуката на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, на чело со претседателот Ермис Лафазановски.
Обраќањето на Оливера Николова по тој повод може да го прочитате тука: https://umno.mk/obrakjanje-na-olivera-nikolova-po-povod/