Конкурсот со наслов ,,Раскажи ми приказна” има за цел да охрабри нови креативни творби инспирирани од моќта на авторите кои извршиле големо влијание во детството на сите нас, од неговата едноставност, безгрижност и љубопитност. Такви се Кино од Аргентина со својата Мафалда, Елвира Линдо од Шпанија со својот Манолито гафотас и македонската Оливера Николова која со своите ликови од Зоки Поки го обележа детството на сите нас.
Текстовите на следниве теми: ,,Детето во мене”, ,,Ќе ти раскажам приказна”, ,,Со што може да се купи сиот свет?” може да се напишат во формат на краток расказ или графички расказ -стрип на македонски или шпански јазик и да се достават во просториите на KАСТА ДИВА во печатена форма, во коверт, со шифра, најдоцна до 12 декември 2024 година. За најдобрите учесници се предвидени вредни награди. Победниците ќе бидат прогласени на 22 декември 2024.